Политика на колачиња

Што се колачиња (Cookies)?
Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата, а вообичаено ги содржат следните податоци:
- Име на серверот од кои се испратени колачињата;
- Животниот век на колачињата;
- Вредност – случајно генериран единствен број.

Колачињата сами по себе не содржат, ниту собираат информации, меѓутоа, ако серверот ги чита заедно со веб прелистувачот, тоа може да и помогне на веб страната да извршува повеќе услуги.

Овие текстуални датотеки можат да бидат постојани колачиња (persistent cookies), привремени колачиња (session cookies), сопствени (1st party cookies) и други колачиња (3rd party cookies).

Постојаните колачиња (persistent cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба). Постојаните колачиња можат да останат на вашиот компјутер со денови, месеци, па дури и со години.

Привремените колачиња (session cookies) се со кратко времетрање и започнуваат во моментот на отворање на пребарувачот се до моментот на затворање на пребарувачот. Привремените колачиња се бришат штом го затворите интернет пребарувачот.

Сопствените колачиња (1st party cookies) може да бидат привремени и постојани.

Другите колачиња (3rd party cookies) потекнуваат од други, партнерски веб страни, за следење на посетите и статистика на своите веб страни со употреба на аналитичка програмска опрема Google Analytics.

Колачињата се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Каков вид на колачиња користиме?
Неопходни колачиња
Овие колачиња овозможуваат нормално функционирање на веб страната и нејзините основни функционалности. Без инсталирање на овие колачиња, не можеме да Ви обезбедиме непречен пристап до веб страната.

Колачиња за социјални мрежи, веб анализа и колачиња од трети страни
Овие колачиња овозможуваат работа со приклучување на социјалните мрежи Facebook и Twitter, а некои од нив ни овозможуваат да ја истражиме целта за употребата на нашата веб страна или вашето пребарување на други веб страници.

Контрола на колачиња
Вие сами одлучувате дали ќе ги користите колачињата. Во секое време може да ги избришете колачињата и да ги прилагодите Вашите пребарувачи да ги спречуваат колачињата
Можете да ги контролирате и менувате поставките за колачиња на вашите веб пребарувачи.