ИЗЈАВИ ОД НАШИТЕ КЛИЕНТИ

29
Share

ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ И ОТВОРЕНОСТ ВО ПАРТНЕРСТВО СО ДР. ФАЛК ФАРМА

Повеќе од дваесет години успешно соработиме со Ewopharma. Она што првично започна со Salofalk® и Ursofalk® во неколку одбрани земји, сега прерасна во долгогодишна соработка во која ние ѝ ги доверивме на Ewopharma маркетингот, продажбата и регистрацијата на широкото портфолио на производи на Dr. Falk низ цела Источна Европа.

Големата и добро воспоставена мрежа на Ewopharma во регионот ни овозможи да го прошириме нашиот опсег, преку која сега уживаме големи придобивки од нивната експертиза и познавање на овие пазари, кон кои инаку би било многу тешко да се пристапи. Соработката со Ewopharma, како наш партнер од доверба, секогаш била карактеризирана со професионализам и отвореност.

Со сигурност секогаш би ја препорачале Ewopharma на други фармацевтски компании кои бараат начин како да пристапат до централните и источно европските пазари, и секако со нетрпение очекуваме да го продолжиме ова продуктивно партнерство и во иднина.