ПочетнаЗа насПроизводиКонтактиКариериБезбедност на лековите
Историjа
Ewopharma Македонија
Ewopharma AG е наследник на фармацевтската компанија Leclerc&Cо, основана во 1959 г. Името Ewopharma го добила од иницијалите на сопственикот на компанијатa во Швајцарија, г-н Ernst Wohlgemuth.

Уште од самиот почеток на своето работење, компанијата се фокусира на фармацевтскиот пазар во Централна и Источна Европа.

Повеќе од 50 години Ewopharma е присутна во Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, Бугарија и Словенија, што му овозможува на нашиот тим да стекне богато искуство и детално познавање на локалните фармацевтски пазари.

Централата на Ewopharma AG се наоѓа во Schaffhausen (Швајцарија). Во моментот, во фирмата работат над 260 висококвалификувани специјалисти. Активностите на Евофарма ги покриваат сите аспекти на регистрација и маркетинг на медицинските производи на територијата на соодветната држава.
Во Македонија Евофарма е присутна од почетокот на 2013 година.

Евофарма Македонија се ангажира со регистрација и маркетинг како на сопствените оригинални производи (Isoprinosine®, Revalid®), така и на медицинските производи на нејзините партнери.