НАШИ ПРОИЗВОДИ

Фармацевтски производи

Делот со фармацевтски производи од нашето портфолио воглавно ги опфаќа лековите кои се издаваат со рецепт, каде што Ewopharma се фокусира на следните три сегменти: Болнички специјалности, општи специјализирани производи како и лекови за ретки заболувања. Нашите искусни и висококвалификувани тимови од медицински претставници секогаш поддржуваат дијалог со професионалците за здравствена заштита и фармацевтите, притоа обезбедувајќи совети во однос на безбедното користење на нашите производи и со тоа создавајќи долготрајни односи. Ние сме горди што овозможуваме пристап до недостапни лекови на нашите целни пазари - помагајќи им на нашите партнери да им помогнат на другите.

ПРОИЗВОДИ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Во областа на заштитата на здравјето, ние главно сме фокусирани на лековите кои се издаваат без рецепт, додатоците во исхраната, медицинските помагала и козметика за нега на коса. Нашиот фокус овде главно е насочен кон дигестивното здравје, кашлиците, настинките и производите против опаѓање и нега на косата. Во еден свет, во кој индивидуалната грижа за здравјето е од големо значење за потрошувачите, применувањето на самостојно лекување е во значителен пораст. Ewopharma цели кон обезбедување поддршка за луѓето кои ја преземаат одговорноста за сопственото здравје и за здравјето на нивните семејства, со цел да го подобрат квалитетот на нивниот живот и благосостојба. Нашето висококвалитетно портфолио е достапно во аптеките, каде се препорачува и продава од страна на специјализиран персонал.